Нема точни информации за турските војници со кои е изгубена комуникацијата во Сирија

Куртулмуш истакна дека нема потврдени и разјаснети информации во врска со турските војници со кои е изгубена комуникацијата во Сирија

638808
Нема точни информации за турските војници со кои е изгубена комуникацијата во Сирија

Вицепремиерот и владин портпарол Нуман Куртулмуш по одржаната последна седница на владата во оваа година даде изјави во врска со актуелни случувања и одговараше на прашањата на новинарите.

Куртулмуш истакна дека нема потврдени информации во врска со турските војници со кои е изгубена комуникацијата во Сирија.

На едно прашање во врска со видео-снимките за кои што се тврди дека се однесуваат на турските војници со кои не може да се воспостави комуникација и кои што беа објавени минатата недела, Нуман Куртулмуш рече: „Нема потврдени и разјаснети информации во врска со овие видео-снимки од страна на Турските вооружени сили и министерството за одбрана. Овие видови терористички организации се најпонизните механизми во светот. Се обидуваат да влеат страв кај народот.“

Вицепремиерот и владин портпарол Нуман Куртулмуш направи проценка и во врска со операцијата Еуфратски штит која што продолжува во Сирија.

Куртулмуш истакна дека Турција ги оценува Џераблус, Ел Баб и Менбич како свое национално прашање и дека доколку и никој не би помогнал во решението таа располага со силата ова прашање да го реши со свои национални воени единици.



Слични вести