Во пожар во бегалскиот камп Еселаме во Азез во Сирија животот го загуби едно едногодишно бебе
Противпожарните екипи веднаш интервенираа на пожарот во кој беа повредени татко, мајка нивните три деца кои беа донесени на лекување во градот Килис, но и покрај сите напори на лекарите едногодишното бебе Маран им подлегна на раните и го загуби животот

Во пожар што се појавил во еден шатор во бегалскиот камп Еселаме во населеното место Азез кај градот Алепо животот го загуби едно дете, а четири лица се повредени од кои едно потешко.
Засега не е утврдена причината за пожарот во бегалскиот камп кој што се наоѓа во близина на граничниот премин Онџупинар на сириска страна од границата.
Противпожарните екипи веднаш интервенираа на пожарот во кој беа повредени таткото Абдулбахси, мајката Баран и нивните три деца Раван, Нур и Маран Аваниј.
Повредените во пожарот веднаш од страна на нивните блиски беа донесени на граничниот премин Онџупинар од каде што со помош на амбулантно возило на екипите за итна помош 112 беа префрлени на лекување во Државната болница во градот Килис во Турција.
Но и покрај сите напори на лекарите едногодишното бебе Маран им подлегна на раните и го загуби животот.
Едниот од повредните во пожарот со здобиени тешки изгореници е префлрен на лекување во градот Газиантеп.