Почина ранетиот војник во операцијата Еуфратски штит кој се наоѓаше на лекување во Газиантеп

Ранетиот војник во напад за време на операцијата на градот Ел Баб на 19 декември се наоѓаше на лекување во болница во градот Газиантеп

638283
Почина ранетиот војник во операцијата Еуфратски штит кој се наоѓаше на лекување во Газиантеп

Почина ранетиот војник во операцијата Еуфратски штит која започна под водство на Турските вооружени сили (ТВС) на 24 август за исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи. 

Ранетиот војник во напад за време на операцијата на градот Ел Баб на 19 декември се наоѓаше на лекување во болница во градот Газиантеп.

Операцијата Еуфратски штит пак продолжи и во 125-от ден и според објавеното соопштение од Генералштабот со топовски оган беа уништени 113 цели на терористичката организација ДАЕШ.

Беа уништени засолништа, одбранбени позиции, командно-контролни постројки, оружје и возила користени од страна на терористите.

Освен тоа беше доведена во неупотреблива состојба и една противавионска позиција.

Од друга страна терористичката организација ДАЕШ реализира напади со експлозивни уреди против цивилите кои се обидуваа да избегаат од градот Ел Баб.

Во нападите животот го загубија најмалку 30 цивили, а голем број лица беа ранети.



Слични вести