Конвој од 12 шлепери тргна на пат од Денизли за евакуираните Сиријци

Алепо е исламски и истовремено турски град

637915
Конвој од 12 шлепери тргна на пат од Денизли за евакуираните Сиријци

Конвојот од 12 шлепери со хуманитарна помош која беше собрана во рамките на кампањата „Да не умре човештвото во Алепо“ во градот Денизли, со поддршка на граѓаните и невладините организации, тргна на пат за евакуираните Сиријци од Алепо.

По повод кампањата која започна под водство на Губернијата на Денизли и која беше поддржана од страна на граѓаните, различни невладини организации, комори и берзи, на плоштадот на шехидите Деликличинар 15 јули се одржа свеченост.

Валијата на Денизли Ахмет Алтинпармак во говорот на свеченоста посочи на тагата и жалоста на која е изложен исламскиот свет и акцентираше дека Алепо е исламски и истовремено турски град.

Сите сносиме одговорност во олеснувањето на болката и тагата во Алепо, рече валијата Алтинпармак и потенцираше дека граѓаните на Денизли направија се што е во нивна можност за пружање помош на Алепо, посакувајќи уште еднаш да не се доживее оваа и слична болка и тага.

Шлеперите со хуманитарна помош по молитвата на муфтијата Мехмет Ашик беа испратени за Алепо.



Слични вести