Ибрахим Калин: Од Алепо се евакуирани 44 илјади лица кои се однесени во градот Идлиб

Портпаролот на претседател Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, истакна дека од градот Алепо во Сирија се евакуирани 44 илјади лица кои се однесени во градот Идлиб

638128
Ибрахим Калин: Од Алепо се евакуирани 44 илјади лица кои се однесени во градот Идлиб

Портпаролот на претседател Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, на одржаната конференција за претставниците на печатот во претседателската палата во Бештепе во Анкара истакна дека од градот Алепо во Сирија се евакуирани 44 илјади лица кои се однесени во градот Идлиб.

Калин напомена дека и во моментов се превземени сите видови мерки за обезбедување на основните потреби на овие лица кои се донесени во Идлиб.

Укажувајќи на тоа дека се реализира последната фаза од операцијата Еуфратски штит во околината на градот Ел Баб против терористичката организација ДАЕШ, Ибрахим Калин рече: „Не може да се прифати тоа што оние средини кои во секоја прилика изнесуваат одредени критики против Турција по прашањето на борбата против ДАЕШ, не ја даваат потребната поддршка на операциите кои што се реализираат на линијата Азез-Џераблус, и во Дабик и Ел Баб.“

Калин нагласи дека во последната една недела се засилени судирите и операциите во околината на градот Ел Баб и рече: „Овде особено би сакал да го потцртам тоа дека Турските вооружени сили покажуваат голема чувствитеност за да не дојде до цивилни загуби. Во рамките на операциите кои што беа реализирани минатата недела таму беа уништени стотици цели на ДАЕШ и беа неутрализирани 226 терористи на ДАЕШ. Овие операции продолжуваат и понатаму ќе продолжат со одлучност. Тоа претставува и неопходност од аспект на нашата национална безбедност и всушност ја претставува едната од најзначајните фази во борбата против ДАЕШ.“

Во врска со тврдењето околу тоа дека бомбашите самоубијци на терористичката организација ДАЕШ од Рака биле испратени во Ел Баб, портпаротлот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин рече: „Нашите единици за разузнавање, нашиот Генералштабот ги реализираат неопходните активности и ги преземаат неопходните мерки во врска со различните движења на оваа терористичка организација на теренот. Без оглед на нивните движења на теренот одлучноста на Турција по ова прашање во потполност ќе продолжи и оваа операција ќе биде окончана.“

Истакнувајќи дека не е можно да заврши војната во Сирија без претходно да се формира праведна управа која што ќе го воспостави територијалниот интегритет и ќе ги претставува сите средини во оваа земја, Калин продолжи со следните зборови: „Веќе мораме да ја сопреме оваа најкрвава војна во модерно време која што продолжува веќе 6 години. Секој, сите земји треба да го исполнат она што им претстои по ова прашање. Овде секако им се паѓаат значајни одговорности на сите страни од Русија до Иран, од Европа до ОН и Америка. Овде од големо значење е да се покаже конструктивен приод и да се фокусира на решавање на проблемот. Нашиот приод е во таа насока.“

Во однос на убиството на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов кој го загуби животот во вооружен напад, портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин рече: „Под светлината на сите информации со кои што ние располагаме сите стрелки во моментов мошне јасно укажуваат на поврзаност со ФЕТО. Со тој терористички напад, со тој атентат ФЕТО и силите кои стојат зад неја не можеа да го постигнат она на кое што целеа. Односно овој подол атентат им експлодира во рака, а со кој што сакаа да го свртат наопаку турско-руското зближување, да ги нарушат и прекинат односите помеѓу двете земји и да создадат нова криза.“

 



Слични вести