Чавушоглу го изрази своето сочувство до Лавров по повод авионската несреќа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на главниот град на Катар Доха го побара по телефон рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров до кого го изрази своето сочувство по повод авионската несреќа

638292
Чавушоглу го изрази своето сочувство до Лавров по повод авионската несреќа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го побара по телефон рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров до кого го изрази своето сочувство за загинатите во рускиот воен авион кој се урна во Црното Море.

Според добиени информации од дипломатски извори министерот Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на главниот град на Катар Доха го побара својот руски колега Сергеј Лавров.

Чавушоглу го изрази своето жалење по повод човечките загуби во авионската несреќа до која дојде вчера и го изрази своето сочувство до Лавров.

Освен тоа во телефонскиот разговор министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го информира својот руски колега Сергеј Лавров и во врска со своите разговори посветени на Сирија кои што ги остварува во Катар.



Слични вести