Претседателот Ердоган им ги честита Божиќните празници на христијанските граѓани

Претседателот Ердоган им ги честита Божиќните празници на христијанските граѓани и посака да станат повод за развој на онаа клима на потпомагање и солидарност

637173
Претседателот Ердоган им ги честита Божиќните празници на христијанските граѓани

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод Божиќните празници на граѓаните од христијанска вероисповед во која истакна дека Турција продолжува да ја отвора својата прегратка за сите угнетени и ранливи луѓе без притоа да прави било каква разлика меѓу нив.

Велејќи дека средината на мир и спокојство која што стотици години владее на анадолските територии претставува производ на онаа древна традиција која различностите ги смета како богатство, ги зема за основа обостраната почит и љубов  и не прави никаква верска, јазична и расна разлика меѓу луѓето, претседателот Ердоган рече: „Ние како припадници на оваа коренита традиција и денеска без да правиме никаква разлика продолжуваме да им ја отвораме нашата прегратка за сите угнетени и ранливи луѓе кои бегаат од војна, зулум и притисок на кои што се подложени. Нашата државна традиција која што продолжува илјадници години, нашата извонредна цивилизација која со своите материјални и духовни димензии претставува пример за целото човештво како во минатото така и денеска овозможуваат на овие територии да можат да живеат заедно во мир и спокојство различните верувања и традиции исто како и во минатото.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган посака Божиќните празници кои што христијанските граѓани припадници на различни секти, традиции и цркви ги празнуваат согласно нивните верувања да станат повод за развој на онаа клима на потпомагање и солидарност.

Ердоган му го честита Божиќ на целиот христијански свет на чело со христијанските граѓани кои живеат во Турција.



Слични вести