„Истата беспоштедна борба против терористичките организации треба да ја водиме и во економијата“

Претседателот Ердоган: „Онака како што денеска водиме беспоштедна борба против терористичките организации внатре во нашите граници и надвор од границите мораме истата одлучност да ја презентираме и пред нападите насочени против нашата економија

637170
„Истата беспоштедна борба против терористичките организации треба да ја водиме и во економијата“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган говореше на состанокот на Генералното собрание на Советот за надворешно економски односи (ДЕИК) и истакна дека оние кои ги одложуваат своите инвестирања се на иста страна со оние кои ја напаѓаат нашата економија.

„Секој оној кој во овој критичен период ги одложуваат своите инвестирања, проекти и напори во моите очи е на иста страна со оние кои ја напаѓаат нашата економија.“ - рече Ердоган и својот говор го продолжи со следните зборови:

„Само со заедничка работа можеме да достигнеме до целта да ја доведеме Турција до една од најголемите 10 економии во светот со надворешна трговиjа од 1 трилион долари и национален доход од 2 трилиони долари. Отворено да го кажеме и тоа дека нашите бизнисмени, а особено нашите членови на ДЕИК се наоѓаат на чело на средините кои се најискрени и кои најсилно застануваат во одбрана на нашите цели за 2023 година.“ 

Претседателот Ердоган рече: „Онака како што денеска водиме беспоштедна борба против терористичките организации внатре во нашите граници и надвор од границите мораме истата одлучност да ја презентираме и пред нападите насочени против нашата економија. Јунаците кои за одбрана на својата земја и својот народ ја жртвуваа својата најдрагоцена вредност својот живот, треба да послужат како пример за оние кои за иста цел треба да го искористат и својот капитал.

Заедно со државата и вам (деловниот свет) ви се паѓаат мошне значајни задачи по прашањето на одбивање на нападите насочени против економијата на Турција. Секој оној кој во овој критичен период ги одложуваат своите инвестирања, проекти и напори во моите очи е на иста страна со оние кои ја напаѓаат нашата економија. Ова го подвлекувам.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Нашата влада им достави голема дополнителна поддршка на нашиот деловен свет и на нашите еснафи и занаетчии од даночната амнестија до амнестијата за регистрација на фирми. Ќе продолжи тоа да го прави и во иднина. Напроти тоа единственото кое што го очекуваме од нашиот деловен свет е да ги забрза тркалата на економијата и да го заживее пазарот. Бидејќи најзначајната причина на тешкотијата која што се доживува е секој да премине во состојба на стагнација и чекање. Јас од тој аспект велам „национална мобилизација“ и тоа не го велам напразно. Настанот  за кој што јас велам „национална мобилизација“ не е „земи ја пушката в рака и излези на улица“. Ете ова е „национална мобилизација“.

„Во оваа земја треба да се инвестира, ние немаме друго чаер. Доколку овие инвестирања се реализираат во најтешки услови оваа земја не може да се победи, меѓутоа доколку во тешки услови инвестирањата застанат тогаш Аллах да сочува земјата ќе застане.“

„Еден мој брат на влегување внатре ми рече: Ние разменивме 100 милиони долари. Ете прашањето е во тоа. Ако инвестираме не можат и не ќе можат да го скршат ’рбетот на оваа земја.“ - подвлече претседателот Ердоган.

Во меѓувреме претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа и на свеченото отворање на кампусот на Институцијата за социјално осигурување „Шехит Ерол Олчок“ во населбата Малтепе во Истанбул рече: „Неволјата на 15 јули ни одржа многу значајни лекции, како народ и како држава. Пред се настанот на 15 јули му покажа на секого дека воените удар како најголем срам на нашата историја веќе не можат да се реализираат така лесно како во минатото и дека сигурно треба да се земе во предвид народот.“

Ердоган рече: „Тие Фетоши помислија дека кога ќе бидат истрелани 3-5 куршуми, ќе бидат фрлени 3-5 бомби, ќе бидат возени тенковите врз него, ќе летаат авиони и хеликоптери над него, овој народ ќе избега  и ќе им го остави мегданот ним, меѓутоа таа ноќ јасно сфатија дека тоа не е така.“



Слични вести