Фикри Ишик: Најкритичното место на Ел Баб Болничкиот рид е исчистен од ДАЕШ

Министерот за одбрана Фикри Ишик истакна дека најкритичното место на областа Ел Баб во Сирија Болничкиот рид е исчистен од терористичката организација ДАЕШ

637166
Фикри Ишик: Најкритичното место на Ел Баб Болничкиот рид е исчистен од ДАЕШ

Министерот за одбрана Фикри Ишик говореше на состанокот на градското советодавно собрание на АК Партијата во градот Коџаели и притоа истакна дека тројца турски војници кои се водат како исчезнати во северниот дел на Сирија се наоѓаат во рацете на терористичката органзиација ДАЕШ.

Ишик нагласи дека не треба да се верува на непотврдени информации во врска со турските војници кои се наоѓаат во рацете на ДАЕШ.

Велејќи дека најкритичното место на областа Ел Баб во Сирија Болничкиот рид е исчистен од терористичката организација ДАЕШ,министерот за одбрана Фикри Ишик истакна дека турските војници водат јуначка борба во Ел Баб и рече: „Нашите операции заедно со Слободната сириска армија ќе продолжат се додека не биде целосно исчистена ДАЕШ.“



Слични вести