Министерот Чавушоглу оствари телефонски разговор со францускиот колега Жан-Марк Ајро

Францускиот министер Ајро рече дека самиот лично по телефон сакал уште еднаш да ја изрази солидарноста на Франција

636189
Министерот Чавушоглу оствари телефонски разговор со францускиот колега Жан-Марк Ајро

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу оствари телефонски разговор со францускиот колега Жан-Марк Ајро.

Според дипломатски извори, телефонскиот разговор беше остварен на барање на францускиот министер Ајро кој рече дека покрај писмените соопштенија кои беа објавени од страна на Франција во знак на поддршка на Турција во врска со терористичките напади, самиот лично по телефон сакал уште еднаш да ја изрази солидарноста на Франција.

Министерот Чавушоглу му се заблагодари на францускиот министер Ајро за поддршката и солидарноста на Франција и го извести за примирјето во Алепо, процесот на евакуација и тројниот состанок во Москва посветен на Сирија.

На 20 декември во Москва беше одржан состанок посветен на човечката трагедија во Сирија и евакуацијата. На состанокот учествуваа министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф.

Рускиот министер за надворешни работи Лавров рече дека на состанокот беше узвена заедничка декларација во врска со активностите кои ќе ги преземат Турција, Русија и Иран за изнаоѓање решение на кризата во Сирија. Лавров потенцираше дека Турција, Иран и Русија ја поддржуваат мировната декларација.

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на прес конференцијата што ја одржа по тројниот состанок рече главна тема на разговорите беа воспоставувањето и ширењето на примирјето во Сирија. Единствено трајно решение на кризата во Сирија е постигнување политичко решение. Ќе продолжиме со доставувањето хуманитарна помош и напорите за постигнување трајно примирје, рече министерот Чавушоглу и подвлече дека трајното примирје треба да се прошири низ цела Сирија.



Слични вести