Условите на Царинската унија меѓу Турција и ЕУ ќе бидат ажурирани и наградени

Согласно работите за ажурирање и надградување на Царинската унија меѓу Турција и ЕУ се планира да се прошири обемот на потпишаниот договор пред 21 година и кон истиот да бидат вклучени и земјоделските производи, секторот на услуги и јавните набавки

635681
Условите на Царинската унија меѓу Турција и ЕУ ќе бидат ажурирани и наградени

Се ажурираат условите на договорот за Царинска унија потпишан меѓу Турција и ЕУ во 1995 година.

Во тие рамки се планира да се прошири обемот на потпишаниот договор пред 21 година и кон истиот да бидат вклучени и земјоделските производи, секторот на услуги и јавните набавки.

Европскиот совет и даде овластување на Европската комисија за ажурирање на Царинската унија со Турција.

Официјалните преговори за ажурирањето и надградувањето на Царинската унија кои што Турција 3 години како бара да бидат реализирани ќе започнат во 2017 година.

Откако ќе биде проширен обемот на договорот за Царинска унија турските земјоделски производи ќе можат да се извезуваат на европскиот пазар без поставување на било какви ограничувања

Освен тоа Турција ќе може да учествува и на тендерите во земјите на ЕУ, а исто така и фирмите на земјите на ЕУ ќе можат да ги зголемат своите инвестирања во Турција.

Ова ажурирање и надградување освен тоа што ќе го зголеми обемот на билатералната трговска соработка ќе ја зголеми и трговијата во трети земји. 

Согласно овие измени се има за цел обемот на трговската соработка меѓу Турција и ЕУ за 10 години да се зголеми за 50-насто.

Во врска со ваквиот развој пристигна изјава и од министерот за царина и трговија Булент Туфенкчи кој истакна дека ажурирањето и надградувањето на Царинската унија меѓу Турција и ЕУ ќе го зголеми обемот на трговската соработка.

Министерот Туфенкчи рече: „Турција е на степен да може и тоа како да конкурира со Европа. Во моментов процентот на извозот на Турција во ЕУ изнесува околу 49-насто. Овој процент во наредните години ќе продолжи да се зголемува.“



Слични вести