Премиерот Бинали Јилдирим: Борбата против тероризмот претставува борба за опстанок на Турција

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека борбата против тероризмот претставува борба за опстанок на Турција и рече: „Никако нема да дозволиме тероризмот да ја земе Турција под туторство.“

635812
Премиерот Бинали Јилдирим: Борбата против тероризмот претставува борба за опстанок на Турција

Премиерот Бинали Јилдирим говореше на состанокот на претседателите на градските ограноци на владејачката Партија за правда и развој (АКП) во прширен состав каде што во врска операцијата Еуфратски штит во Сирија и нападите на терористичката организација ДАЕШ во Ел Баб во кои загинаа 14 турски војници рече: „Турција води голема борба. Нашата борба против тероризмот продолжува со сета жестина и внатре во нашите граници и надвор преку границите.“

Јилдирим истакна дека борбата против тероризмот претставува борба за опстанок на Турција и рече: „Никако нема да дозволиме тероризмот да ја земе Турција под туторство.“

Велејќи дека тероризмот како главна неволја со која што се соочува светот претставува злосторство против човештвото, Бинали Јилдирим продолжи со следните зборови: „Борбата против тероризмот е борба за опстанок, борба за постоењето на Турција. Претставува голема војна која што се води за да бидат вечни единството, заедништвото и братството на Турција. Секогаш ќе ги одбраниме нашето единство и нашата целовитост, никако нема да дозволиме тероризмот да ја земе Турција под туторство.“

Премиерот Бинали Јилдирим се осврна и на реалзиираните терористички напади во последно време и истакна дека тогаш кога се води успешна борба против терористичките организации почнуваат со асиметрички акции.

„По нападите во Истанбул и Кајсери, реализираниот подол атентат врз рускиот амбасадор и нападот во Германија, ја изнесува потребата дека светот овие напади треба да ги проценува на правилна основа.“ - рече Јилдирим.

Нагласувајќи дека ниту една земја не би можела да каже дека е безбедна од тероризмот, премиерот Јилдирим напомена дека претставува мошне голема грешка терористичките напади на кои што е подложена Турција да се сметаат само како прашање или проблем на Турција.

Бинали Јилдирим истакна дека грешат оние кои веруваат во тоа оти терористичките организации кои што се наоѓаат во Ирак и Сирија претставуваат закана само за Турција и рече: „Треоризмот претставува заеднички проблем на светот, меѓунаодната заедница треба да го остави настрана амбивалентниот став пред тероризмот и треба да заземе потполно ист став.“

Овсрнувајќи се и на случувањата во Сирија на чело со оние во Алепо и на иницијативите за прекин на огнот, премиерот Јилдирим истакна дека на јужната граница на Турција постои сериозна празнина во авторитетот и напомена дека човечката драма која што се доживува во Алепо се одвива пред очите на целиот свет.

Јилдирим нагласи дека и покрај сите потешкотии Турција не остана безгласна и индиферентна пред оваа човечка драма и ова ѕверство.

„Прекинот на огнот не беше лесен. Елементите кои не сакаат да заврши војната во регионот го вложија секој вид напор за да пукаат во мирот. Благодарение на нашиот одлучен став успеавме да им пристигнеме на помош на овие луѓе. Активностите за евакуација не се завршени и продолжуваат. Немаме потреба од пофалбите на оние кои не фалат. Ние го правиме она што го налага нашето верување и нашата човечност како потреба на човештвото.“ - подвлече премиерот Бинали Јилдирим.



Слични вести