„Не можевме да стоиме пред оние кои постојано не држеа под закана и сега го правиме неопходното“

Претседателот Ердоган истакна дека борбата која што се води во Ел Баб не е обична борба и рече: „Веќе не можевме да стоиме пред оние кои постојано ја држеа нашата земја под закана и сега го правиме неопходното“

636062
„Не можевме да стоиме пред оние кои постојано не држеа под закана и сега го правиме неопходното“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа во Народниот културен и конгресен центар во Бештепе во Анкара на церемонијата на свечено ставање во примена на неколку новоизградени објекти на министерството за шумарство и водостопанство истакна дека борбата која што се води во Ел Баб не е обична борба и рече: „Веќе не можевме да стоиме пред оние кои постојано ја држеа нашата земја под закана и сега го правиме неопходното.“

Ердоган напомена дека во рамките на операцијата Еуфратски штит се убиени приближно 200 терористи припадници на терористичката организација ДАЕШ.

Велејќи дека од една страна беа водени и дипломатски иницијативи, претседателот Ердоган подвлече дека беа остварени разговори со Русија, САД, Ирак, Иран и Заливските земји, а потоа беше започната операцијата Еуфратски штит.

Ердоган нагласи дека Турција сега се соочува со асиметрични напади и рече: „Играта која што ја приредија во Сирија и во Ирак не можеа да ја пренесат во нашата земја. Во последно време ПКК, ДАЕШ и ФЕТО реализираат монструозни напади се обидуваат да ни го изгорат срцето. Денеска како земја и како народ мораме да го земеме под гаранција нашиот опстанок. За нашата иднина треба да делуваме во единство и заедно.“

Велејќи „Ако се обидеме да застанеме во овој критичен период кога се настојува наново да се преструктуира светот и нашиот регион, место на кое што ќе се најдеме себе си се условите од Севр“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека Турција ја води својата најголема борба по народно-ослободителната борба и дека оваа борба е борба за еден народ, едно знаме, една татковина и една држава.



Слични вести