Министерот за одбрана Ишик ги информираше пратениците за билансот на операцијата Еуфратски штит

Ишик рече: Исчистени се од ДАЕШ 2000 квадратни километри, неутрализирани се 1.005 терористи, уништени се 4 тенка, 29 позиции со хаубици, 97 возила, 621 станбен објект и 61 одбранбена позиција, 28 командни центри и 17 магацини за муниција и 11 возила-бомби

636016
Министерот за одбрана Ишик ги информираше пратениците за билансот на операцијата Еуфратски штит

Министерот за одбрана Фикри Ишик ги информираше пратениците во Собранието во врска со операцијата на Ел Баб и истакна дека операцијата е започната потполно согласно меѓународното право.

Ишик рече дека бројот на загинатите турски војници вчера во рамките на операцијата Еуфратски штит која што беше започната под водство на Турција на 24 август со цел исчистување на северните делови од Сирија од терористичките елементи се зголеми на 16 војници.

Министерот Фикри Ишик напомена дека во операцијата се исчистени целосно од терористичката организација ДАЕШ 2 илјади квадратни километри, неутрализирани се 1.005 терористи, уништени се 4 тенка, 29 позиции со хаубици, 97 возила од кои 41 наоружани, 621 станбен објект и 61 одбранбена позиција, 28 командни центри и 17 магацини за муниција, а воедно се доведени во неупотреблива состојба и 11 возила-бомби.

Ишик рече дека исто така во операција се неутрализирани и 299 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ и се уништени 14 станбени објекти, 4 одбранбени позиции, 5 возила и еден дрон на организацијата.

Велејќи дека Турција со години како објаснува дека во Сирија треба да се формира безбедносна зона, Ишик напомена дека би можела да се формира линија преку која би можела да се доставува хуманитарна помош.

Министерот за одбрана Фикри Ишик потсети дека е дојдено до фаза на исчистување на градот Ел Баб, најкритичната фаза од планот на операцијата и додаде дека терористичката организација свесна за тоа оти по Ел Баб ќе следува Рака покажува отпор и со најѕверски методи ги искористува цивилите како жив штит. 

Ишик потцрта дека Турција е единствената земја која во ист момент води најголема борба против сите терористички организации во регионот како што се ДАЕШ, ПКК/ПЈД/ЈПГ и ДХКП-Џ.

„Со оваа операција покажавме дека нема да дозволиме да се формира терористички коридор.“ - рече Ишик.

Министерот за одбрана Фикри Ишик истакна дека во меѓувреме и Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) не седеше со вкрстени раце и рализира кукавички атентат врз рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов, со што правеше пресметки да ги наруши штотуку поправените односи со Русија и воспоставената соработка за евакуација на цивилите во Алепо. 

Ишик рече: „Турција нема да западне во ниту една од овие игри и никако нема да се предаде пред тероризмот.“



Слични вести