Претседателот Ердоган ги прими сириското девојче Бана Алабед и нејзиното семејство

Претседателот Ердоган ги прими во претседателската палата сириското девојче Бана Алабед која преку социјалните медиуми го информираше светот за масакрот во Алепо и нејзиното семејство

635412
Претседателот Ердоган ги прими сириското девојче Бана Алабед и нејзиното семејство

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ги прими во претседателската палата во Бештепе во Анкара 7-годишното сириско девојче Бана Алабед кое преку социјалните медиуми го информираше светот за масакрот во градот Алепо во Сирија и нејзиното семејство.

Претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган од страна на малата Бана Алабед, нејзината мајка Фатемах Алабед, татко Гасан Алабед и нејзините двајца браќа беа информирани за тешките денови кои што ги поминаа во Алепо.  

На приемот учествуваше и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, додека малата Бана Алабед му се заблагодари на претседателот Ердоган поради тоа што му помогна на нејзиното семејство.

Заблагодарувајќи му се на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за неговата поддршка на децата во Алепо, Бана Алабед рече: „Вас многу се сакаме. Не извадивте од Алепо. Таму трпевме многу големи маки и болки. Нашата куќа беше бомбардирана и се сруши. И во автобусот се соочивме со многу големи маки, останавме без храна, бевме гладни. Ви благодариме за се.“

Малечката Бана по средбата со претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган преку својата сметка на Твитер на која што информираше за драмата на децата во Алепо објави порака на англиски во која напиша: „Многу сум среќна од тоа што се запознав со Ердоган.“

Потоа овој Твит на малечката Бана беше ретвитиран и од страна на претседателот Ердоган.

Во меѓувреме и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката што ја објави преку својата официјална сметка на Твитер и на англиски и на турски напиша: „Нашата ќеркичка од Алепо @AlabedBana и нејзиното семејство го посетија куллијето и не израдуваа. Турција секогаш ќе биде покрај нејзините сириски браќа.“



Слични вести