Заедничка порака од Чавушоглу и Лавров: Овој напад не ќе може да им наштети на нашите односи

Двајцата министри за надворешни работи Чавушоглу и Лавров кои по повод денешниот троен министерски состанок на Турција, Русија и Иран се состанаа во Москва уште еднаш заеднички го осудија убиството врз рускиот амбасадор Карлов

634251
Заедничка порака од Чавушоглу и Лавров: Овој напад не ќе може да им наштети на нашите односи

По убиството на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов пристигна заедничка порака од министрите за надворешни работи на Турција и Русија, Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров.

Чавушоглу и Лавров кои по повод денешниот троен министерски состанок на Турција, Русија и Иран се состанаа во Москва уште еднаш заеднички го осудија грозоморниот терористички напад.

Министрите за надворешни работи Чавушоглу и Лавров кои ги предводат делегациите на своите земји на тројниот министерски состанок посветен на Сирија пред состанокот дадоа изјави во врска со атентатот кој што длабоко ги погоди Анкара и Москва.

Прв за збор се јави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој нагласи дека овој напад не ќе може да им наштети на односите со Турција.

Лавров рече: „Ќе преземеме мерки со кои што оние кои ја издадоа наредбата за ова злосторство и кои ги оние лица кои го организираа ова злосторство не ќе можат да ги остварат своите планови.“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека убиството на амбасадорот Карлов би можел да е испланиран за спречување на борбата која што се води против тероризмот во Сирија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пак истакна дека Карлов беше „едниот од најдобрите дипломати“ кои што секогаш се испраќаат во Анкара и уште еднаш го изрази своето сочувство.

Чавушоглу додаде дека на улицата на која што се наоѓа руската амбасада во Анкара ќе и биде дадено името „Карлов“.



Слични вести