Претседателот Ердоган: Вршете терор колку што сакате, не ќе можете да го поделиoте овој народ

Претседателот Ердоган на свеченото отворање на тунелот Евроазија истакна дека силата на тероризмот не ќе може да ја подели Турција и рече: „Вршете терор онолку колку што сакате, не ќе можете да го поделите овој народ

634586
Претседателот Ердоган: Вршете терор колку што сакате, не ќе можете да го поделиoте овој народ

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата на свечено ставање во употреба на тунелот Евроазија потсети дека Турција е една од ретките земји која поврзува два континента.

Велејќи дека никој нема сила за да го подели турскиот народ, Ердоган рече: „Ние сме припадници на една ретка земја, а воедно и на еден град како што е Истанбул. Овој град е таков град за кој што би можеле да се жртвуваат голем број работи. Затоа ние сме заљубени во овој град. Каменот темелник за изградба на тунелот Евроазија го поставивме во Азија и фала му на Аллах свеченото отворање го реализираме во Европа. Тоа претставува голема радост.“

Претседателот Ердоган во својот говор го изрази и своето жалење поради убиството на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов кој го загуби животот во вооружениот напад на кој беше подложен синоќа и рече: „Апсолутно никако нема да дозволиме да се нарушат и пореметат нашите односи со Русија.“

Укажувајќи на тоа дека случајот ќе се истражува со сите свои поединости, Ердоган продолжи со следните зборови: „Нашите безбедносни сили и нашето судство ќе го истражуваат случајот со сите негови поединости и ќе ги расветлат вистините. Формиравме  заедничка истражна комисија со Русија, во моментов ги започнавме работите и делегацијата работи.“

„Постигнавме едногласност со господинот Путин по прашањето на тоа дека овој напад нема да влијае негативно на нашите сфери на соработка со Русија кои што постепено се прошируваат, а на чие чело се наоѓа Сирија. Апсолутно нема да дозволиме да се нарушат и пореметат нашите односи со Русија.“ - рече Ердоган.

Привлекувајќи внимание кон тоа дека ставот на Турција против тероризмот продолжува, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Не дозволивме и нема да дозволиме тероризмот да не зароби во оној негов дневен ред. Затоа рековме дека нема да го одложиме и дека денеска овде ќе го реализираме свеченото отворање на овоа дело (тунелот Евроазија). Веруваме дека тоа претставува највистински и најефикасен став против тероризмот.“

Претседателот Ердоган нагласи дека силата на тероризмот не ќе биде доволна за да ја подели Турција и рече: „Вршете терор онолку колку што сакате, колку сакате соберете ги на исто место сите понизни, не ќе можете да го поделите овој народ, не ќе можете да го распарчите овој народ.“



Слични вести