Претседателот Ердоган го изрази своето сочувство до Меркел по повод нападот во Берлин

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор со германската канцеларка АнгелаМеркел го изрази своето длабоко жалење поради нападот во кој камион влета во еден Божиќен пазар во Берлин во кој животот го загубија 12 лица, а 48 лица беа повредени

634669
Претседателот Ердоган го изрази своето сочувство до Меркел по повод нападот во Берлин

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел и го изрази своето сочувство до неја лично и до германскиот народ по повод нападот во Берлин.

Според добиени информации од кабинетот на претседателот, претседателот Ердоган во телефонскиот разговор истакнал дека чувствува длабоко жалење поради нападот со камион кој влета во еден Божиќен пазар во Берлин во кој животот го загубија 12 лица, а 48 лица беа повредени.

Претседателот Ердоган истакна дека ги споделува болките на Германија на чело со семејствата на жртвите, а на повредените во нападот им посакува побрзо оздравување.

Како што се дознава претседателот Ердоган по повод остварениот телефонски разговор ја информирал германската канцеларка Ангела Меркел и по прашањето на процесот на евакуација во Алепо и хуманитарната помош.

Во меѓувреме одговорноста за нападот на Божиќниот пазар во германскиот главен град Берлин во кој загинаа 12 лица, а 48 лица беа повредени ја презеде терористичката организација ДАЕШ.

Едно лице со пакистанско државјанство кое беше приведено како осомничен беше пуштен на слобода поради немање на доволно докази.

Како што се истакнува лицето кое било пронајдено мртво во камионот шлепер за кого се мисли дека бил вистинскиот возач на камионот бил полски државјанин.

Од друга страна поради доставена информација за поставена бомба беше испразнета и главната железничка станица во градот Ќелн.

По извршените пребарувања беше оценето дека доставената информација била лажна.

Овој случај освен во меѓуградските железнички линии доведе до проблеми и во трамвајските линии во градот Ќелн.



Слични вести