Нападот беше насочен против нашите односи, но не ќе може да не одвои од зацртаниот пат

Амбасадорот Карлов беше голем дипломат кој оствари многу успешни работи

633870
Нападот беше насочен против нашите односи, но не ќе може да не одвои од зацртаниот пат

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу остро го осуди атентатот врз рускиот амбасадор во Анкара Сергеј Карлов и рече:

„Нападот беше насочен против нашите односи, но не ќе може да не одвои од зацртаниот пат“.

Министерот Чавушоглу одговараше на прашањата на новинарите пред денешниот состанок во Москва посветен на Сирија а на кој ќе учествува и Иран.

Чавушоглу рече дека амбасадорот Карлов беше дипломат кој оствари многу успешни работи особено во тешкиот период низ кој поминува Турција и подвлече дека атентатот беше насочен против турскиот и рускиот народ.

Грозомориот напад ќе биде истражен од сите аспекти и во најскоро време ќе биде расветлен, рече министерот Чавушоглу.



Слични вести