На аеродромот Есенбога се одржа церемонија на испраќање на посмртните останки на амбасадорот Карлов

На аеродромот Есенбога се одржа церемонија на испраќање на посмртните останки на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов кој го загуби животот во атентат

634654
На аеродромот Есенбога се одржа церемонија на испраќање на посмртните останки на амбасадорот Карлов

Во чест на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов кој го загуби животот го вооружен напад на аеродромот Есенбога во Анкара беше одржана државна церемонија со која неговите посмртни останки со авион беа однесени во неговата земја Русија.

На церемонијата учествуваа министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, потпретседателот на владата Тугрул Туркеш, валијата на Анкара Ерџан Топаџа, градоначалникот на Анкара Мелих Ѓокчек и голем број пратеници.

На церемонијата учествуваа и претставниците на странските мисии во Анкара и сопругата и синот на амбасадорот Андреј Карлов.

Потпретседателот на владата Тугрул Туркеш во говорот што го одржа во оваа пригода стави акцент на турско-руското пријателство и рече: „Одовде прогласувам дека оние кои го извршија и нарачаа оваа убиство не го убија амбасадорот Карлов, туку напротив го врежаа во историјата. Амбасадорот Андреј Карлов веќе е вечен симбол на турско-руското пријателство.“

По церемонијата посмртните останки на убиениот амбасадор Карлов со авион беа однесени во Русија каде што во Москва ќе бидат пречекани од страна на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Погребната церемонија за амбасадорот Андреј Карлов ќе се одржи во петок во Москва.



Слични вести