Јилдирим во сарајот Долмабахче во Истанбул се состана со својот грузиски колега Квирикашвили

Премиерот Бинали Јилдирим и грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили по остварената средба лице в лице во сарајот Долмабахче во Истанбул одржаа и заедничка конференција за претставниците на печатот

634604
Јилдирим во сарајот Долмабахче во Истанбул се состана со својот грузиски колега Квирикашвили

Премиерот Бинали Јилдирим во владината канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул се состана со грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили.

По средбата лице в лице двајцата премиери Јилдирим и Квирикашвили одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека терористичките напади нема да доведат до поделби во Турција, туку напротив ќе го зацврстат братството.  

Јилдирим напомена дека исто така и атентатот врз рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов не ќе може да ги наруши односите помеѓу Турција и Русија.

Бинали Јилдирим рече: „Независно од тоа од чија страна доаѓа и од чија страна се поттикнува тероризмот, нашата земја, нашиот народ и нашата влада во меѓусебна солидарност ќе се справат со сиве овие и слични неволји.“

Освен тоа премиерот Јилдирим истакна дека Турција е подготвена да ја даде секој вид поддршка по прашањето на интеграцијата на Турците Ахиска кон Грузија.

Јилдирим рече: „Грузија од 2007 година досега е наш трговски партнер број еден. Имаме за цел да го развиеме уште повеќе нашиот трговски обем. Ќе ги кренеме препреките пред патувањата како од воздух така и од копно и ќе ја унапредиме до уште понапредна точка економската интеграција помеѓу двете земји. Исто така продолжуваат и взаемните инвестирања помеѓу Грузија и Турција.“

Грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили исто така во својот говор рече: „Тунелот Евроазија ги поврзува двата континента Европа и Азија и со тоа обезбедува нови можности за транспорт. Целта на Грузија и Турција е заедно и со нашите партнери да го заживееме историскиот Пат на свилата. И проектот за чие свечено отворање денеска се наоѓаме овде ќе му придаде нов интензитет на заживувањето на историскиот Пат на свилата.“



Слични вести