Генерал Акар во посета на пограничните единици кaj Килис,Газиантеп и Хатај

Генерал Хулуси Акар во текот на обиколките на сите команди беше детално информиран за моменталната состојба на теренот

634429
Генерал Акар во посета на пограничните единици кaj Килис,Газиантеп и Хатај

Началникот на генералштабот на турските вооружени сили генерал на армија Хулуси Акар ги посети пограничните воени единици во околината на Килис,Газиантеп и Хатај.

Акар беше информиран за последните случувања во рамките на задграничната операција Штитот на Еуфрат.

Прва станица на генерал Акар беше градот Килис, од каде отпатува за населеното место Ислахије кај Газиантеп,каде ја посети командата на 106. артилериски полк и командата на 2. оклопен полк.

Нешто потоа генерал Акар отпатува за населеното место Нарлиџа каде ја посети командата на 2. пограничен батаљон. После обиколката на батаљонот генерал на армија Хулуси Акар го посети граничниот премин Џилвеѓозу како и полската болница сместена во непосредна близина на граничниот премин.

Последна станица на генерал Акар беше командата на 39.механизиран пешадиски полк стациониран во Искендерун кај Хатај.

Генерал Акар во текот на обиколките на сите команди беше детално информиран за моменталната состојба на теренот.



Слични вести