Ве молиме што поскоро да се воспостави примирјето и обезбедете ја нашата евакуација

Тешкотиите на теренот нема да не одвратат од нашите намери

633299
Ве молиме што поскоро да се воспостави примирјето и обезбедете ја нашата евакуација

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган нема да остане индиферентен на повикот на 7 годишното сириско девојче Бана и мајка и Фатема кои побараа помош преку социјалните медиуми за воспоставување примирје и евакуација од Алепо и дека ќе направи се што е во негова можност.

По прекршувањето на примирјето од страна на армијата на режимот на Бешар Асад и прорежимските странски терористички групи, малата Бана заедно со мајка и преку профилот на Твитер упатија повик до претседателот Ердоган и министерот Чавушоглу која гласеше „Ве молиме што поскоро да се воспостави примирјето и обезбедете ја нашата евакуација. Навистина многу сме уморни“.

Министерот Чавушоглу во одговорот на малата Бана и рече дека тешкотиите на теренот нема да не одвратат од нашите намери. Бидете спокојни, правиме се што е во наша можност за обезбедување на вашата безбедност.

Малото сириско девојче Бана и претходно имаше упатено повик за помош до министерот Чавушоглу по прекршувањето на примирјето. Чавушоглу на малото девојче и одговори со зборовите: Чувај ја надежта мала сестричке. Турција ќе се одгласи на твојот повик. Вложуваме големи напори за окончување на кошмарот низ кој поминуваш и на кој се изложени сите деца во Сирија.

Малата Бана од Алепо, од септември наваму постојано известува за бомбардирањата и последната состојба во Алепо.



Слични вести