Никогаш не ќе можете да го поделите овој народ

Турција паралелно со борбата против тероризмот ќе продолжи да ги остварува предвидените цели

633145
Никогаш не ќе можете да го поделите овој народ

Претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција паралелно со борбата против тероризмот ќе продолжи да ги остварува предвидените цели.

Претседателот Ердоган заедно со катарскиот емир шеик Тамим Бин Хамад Ал Сани учествуваа на свеченото отворање на стадионот и спортскиот комплекс во месноста Акјази кај Трабзон кој беше изграден од страна на Управата за изградба на станбени објекти (ТОКИ). Стадионот е прв во Турција кој беше изграден со пополнување на морето.

Ердоган во говорот на свеченото отворање на стадионот „Шенол Ѓунеш“ уште еднаш ја упати пораката дека тероризмот нема да помине и подвлече на значењето на борбата против тероризмот.

Како последица на терористичките акции во последната 1,5 година, за жал народот не може да ја доживее радоста.

Една од суштинските цели на тероризмот е да ја одвратат земјата и народот од вистинските активности и цели и да не затворат во маѓепсан круг. Ние нема да паднеме во оваа стапица. Турција е решителна да води одлучна и непрекината борба против тероризмот и да ги остварува предвидените инвестиции. Во тие рамки ќе продолжиме цврсто да чекориме по зацртаниот пат, рече претседателот Ердоган.

Во острата реакција против тероризмот, претседателот Ердоган потенцираше дека без оглед на тоа колку ќе вршите тероризам, никогаш не ќе можете да го поделите овој народ. Јас верувам дека како што вие ќе продолжите со терористичките акции, така и мојот народ ќе продолжи уште повеќе да се обединува и сплотува. Ќе бидеме посилни и со борбата ќе продолжиме се додека не го уништиме и последниот терорист.

По говорот, претседателот Ердоган стадионот го отвори заедно со емирот на Катар Шеик Ал Тани.

На свеченото отворање на војниците и полицајците им беа поделени цвеќиња.

Исто така беше одржана комеморација. Се читаше Куран.

Илјадници лица на трибините извикуваа „Шехидите се бесмртни, татковината единствена“.



Слични вести