На северот на Сирија уништени 208 цели на терористичката ДАЕШ

Турските вооружени сили (ТВС) на северот на Сирија уништија 208 цели на терористичата организација ДАЕШ, меѓу кои се наоѓаат и магацини за оружје

633322
На северот на Сирија уништени 208 цели на терористичката ДАЕШ

Во операцијата Еуфратски штит која што започна под водство на Турција на 24 август со цел исчистување на северните делови на Сирија од терористичките елементи, во реализиран напад со возило-бомба од страна на терористичката организација ДАЕШ во областа на Ел Баб животот го загуби еден турски војник, а 7 војници беа ранети.

Ранетите војници со хеликоптери беа донесени во Турција и беа префрлени на лекување во болници во градовите Килис и Газиантеп.

Во меѓувреме од страна на Турските вооружени сили (ТВС) беа уништени 208 цели на терористичата организација ДАЕШ, меѓу кои се наоѓаат и магацини за оружје.



Слични вести