На лекување во Турција се донесени 131 тешко ранети жители на Алепо

На лекување во Турција во градот Хатај во непосредна близина на границата со Сирија досега се донесени 131 тешко ранети жители на Алепо кои се евакуирани и најпрвин пренесени во безбедносни области во градот Идлиб

633476
На лекување во Турција се донесени 131 тешко ранети жители на Алепо

Бројот на тешко повредените цивили кои се наоѓаат меѓу евакуираните лица од источен Алепо кој се наоѓа под опсада на силите на режимот на Асад и прорежимските странски терористички групи, кои се донесени на лекување во Турција во градот Хатај се зголеми на 131 лице.

Според добиени информации од генералната дирекција за печат и информирање при владата на Турција, тешко ранетите лица кои се евакуираат во безбедни области западно од Алепо и се носат во градот Идлиб потоа се префрлуваат на лекување во Турција.

По започнувањето на активностите за евакуација под координација на Управата за елементарни непогоди и итни состојби при владата (АФАД) бројот на тешко ранетите лица кои од граничниот премин Џилвеѓозу со помош на амбулантни возила на службата за итна помош 112 беа префрлени на лекување во болници во градот Хатај достигна до 131 лице од кои 46 деца.

5 мина од тешко ранетите и покрај сите напори на лекарите го загубија животот.

57 од донесените ранети во Хатај беа пренесени во болници надвор од градот, а 12 ранети беа отпуштени од болница.

Се очекува тешко ранетите лица да продолжат да се пренесуваат во болници во градот Хатај.



Слични вести