Ердоган и Путин продолжуваат со телефонските разговори посветени на Алепо

Во последниот телефонски разговор стана збор за последните случувања во Сирија на чело со трагедијата во Алепо и двајцата лидери ја нагласи потребата од интензивно надминување на тешкотиите кои што се доживуваат во активностите за евакуација во Алеп

632963
Ердоган и Путин продолжуваат со телефонските разговори посветени на Алепо

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин остварија телефонски разговор.

Во разговорот стана збор за последните случувања во Сирија на чело со трагедијата во Алепо и двајцата лидери ја нагласи потребата од интензивно надминување на тешкотиите кои што се доживуваат во активностите за евакуација, а до кои што доаѓа поради кршливата состојба во Алепо.

Ердоган и Путин привлекоа внимание на потребата од интензивирање на заедничките напори за доставување хуманитарна помош и за изнаоѓање политичко решение.

Двајцата лидери Ердоган и Путин во телефонскиот разговор повторно ја разгледаа идејата за состанување на претставниците на опозицијата и режимот во Казахстан со цел подготвување на неопходната основа за решавање на сириската криза, а во тие рамки се осврнаа и на остварените разговори со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев.

Во остварениот телефонски разговор рускиот претседател Владимир Путин го осуди терористичкиот напад во сабота во градот Кајсери и го изрази своето сочувство до турскиот народ.



Слични вести