Атентатот претставува отворена провокација насочена кон нарушување на турско-руските односи

Односите со Русија имаат големо значење за Турција

633845
Атентатот претставува отворена провокација насочена кон нарушување на турско-руските односи

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:

„Остро го осудувам атентатот врз рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов во кој загина.

Атентатот претставува отворена провокација и е насочена кон нарушување на турско-руските односи“, рече Ердоган.

 Претседателот Ердоган рече дека на телефонскиот разговор по атентатот со рускиот претседател Владимир Путин руската страна изразила желба посмртните остатоци на амбасадорот Карлов да ги земат самите.

Голема коинциденција претставува фактот дека нападот беше извршен пред претстојниот состанок на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу кој ќе го одржи утре (вторник) во Москва со руските претставници во врска со Сирија, особено договорот за Алепо кој беше постигнат, рече ретсетаелот Ердоган потенцирајќи дека ќе се формира заедничка комисија со Русија за истражување на атентатот.

Односите со Русија имаат големо значење за Турција, потенцираше претседателот Ердоган и додаде дека сите оние кои што очекуваат да се нарушат нашите односи, напразно чекаат. Не ќе можат да ја постигнат предвидената цел и ќе им се наруши играта.

Во изјавата во живо, претседателот Ердоган изрази сочувство до рускиот и турскиот народ.



Слични вести