Турските борбени авиони погодија и уништија 57 цели на ДЕАШ во Сирија

160 цели беа уништени од страна на борбените возила за поддршка

632799
Турските борбени авиони погодија и уништија 57 цели на ДЕАШ во Сирија

Во рамките на операцијата Еуфратски штит која започна на 24 август под водство на Турција за чистење на северот на Сирија од терористите беа уништени 217 цели на терористичката организација ДЕАШ.

Турските борбени авиони погодија и уништија 57 цели на ДЕАШ во Сирија. Во рамките на операцијата беа уништени засолништа, складишта за оружје, одбранбени позиции, тунели на терористичката организација ДЕАШ кои беа утвдени во подрачјата Баб, Бзагах, Замар, Суфланијах и Кабр ал Мукри.

160 цели беа уништени од страна на борбените возила за поддршка.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Генералштабот беше истакнато дека вооружените возила и терористи на ДЕАШ во Ал Баб и околината се скриени во училиштата, џамиите, јавните објекти.

Целта е да се намали влијанието на нападите на Слободната сириска армија, беше подвлечено во соопштението.



Слични вести