Ердоган,овие напади се поврзани со случувањата во Сирија и Ирак

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган издаде писмено соопштени во врска со терористичкиот напад во Кајсери

632521
Ердоган,овие напади се поврзани со случувањата во Сирија и Ирак

Ердоган,овие напади се поврзани со случувањата во Сирија и Ирак

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган издаде писмено соопштени во врска со терористичкиот напад во Кајсери.

Во соопштението на претседателот Ердоган се вели следното :

Цели на терористичките напади не се само војници и полицајци туку целата 79 милионска Турција.Турција е цел на заеднички напади на терористичките организации.Силно и решително ќе се бориме против терористичките организации сите заедно сплотени во духот на национална мобилизација.

Додека се уште тагуваме по жртвите на минатонеделниот терористички напад во Истанбул, се случи друг,овој пат во Кајсери,така да нашата болка стана уште потешка.Терористичката организација ПКК ги користи сите свои можности.Целите на нападите и начинот на нивното реализирање упатуваат на заклучокот дека вистинската цел на оваа терористичка организација е да се блокира напредокот на Турција така на нејзината сила и енергија да биде насочека во друг правец.

Познато ние е дека овие напади имаат врска со случувањата во регионот особено во Сирија и во Ирак, па дури и со бранувањата во економијата.Решително изјавувам дека сите заедно во духот на националната мобилизација ќе одговириме на овие напади во рамките на принципот еден народ,едно знаме,една татковина и една држава.Денес е ден кога треба да бидеме единствени,да бидеме браќа и да бидеме единствена Турција.



Слични вести