Државниот врв на земјава остро го осуди терористичкиот напад во Кајсери

Целта на терористите е да нанесат штета на нашите морални и етички вредности

632601
Државниот врв на земјава остро го осуди терористичкиот напад во Кајсери

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Исмаил Кахраман  во писмената изјава рече дека остро го осудува терористичкиот напад насочен против спокојството на земјата.

Организациите чија команда е во рацете на империјалистичките држави продолжуваат да ги големуваат нападите. Сепаратиститчките организации кои со години вршат напади во Турција од кои не ќе можат да извлечат ништо на крајот ќе бидат осудени на пораз. На загинатите им посакувам милост од Аллах, а на семејствата на загинатите им изразувам сочувство а на повредените што побрзо оздравување, рече Кахраман.

Премиерот Бинали Јилидирим во врска со кукавичкиот напад во Кајсери рече дека истиот беше извршен од страна на бомбаш-самоубиец.

Целта на терористите е да нанесат штета на нашите морални и етички вредности и по се изгледа сеуште не извлекле поука од одговорот што им го дадовме на 15 јули. Овие случувања нема да ја намалат нашата решителности и сила во борбата против тероризмот, рече премиерот Јилдирим.

Државниот врв на земјава остро го осуди терористичкиот напад во Кајсери.

Потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш рече дека на загинатите им оосакува милост од Аллах.

Целата нација ќе бидеме заедно и ќе се сплотиме. Нема да се привикнеме на тероризмот. Нема да се обесхрабриме. Ќе го надминеме тероризмот и политичките кргови кои го поддржуваат, рече Куртулмуш.

Потпретседателот на владата Нуреттин Џаникли рече дека Турција на тероризмот ќе му возврати во духот на националното единство и мобилизација.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека тероризмот во Турција ќе заврши и ние сме решителни во тоа. Ќе бидеме стрпливи и ќе го уништиме тероризмот, затоа целата земја ја повикувам на здрав разум, рече Сојлу

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во изјавата рече сите оние кои се против нашето спокојство, ќе бидат удавени и уништени во крвта што ја пролеаа.

Министерот за одбрана Фикри Ишик рече дека против кукавиците ќе се бориме во рамките на националната мобилизација.

Началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар рече дека одлучно ќе продолжи борбата против тероризмот.

Акар во писмената изјава рече дека борбата против терористите како во земјава така и надвор ќе продолжи со голема одлучност, се додека не биде уништен и последниот терорист.

Претсдетаелот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу рече: Ако сите заедно застанеме цвсрто и достоинствено против тероризмот, заедно го проколниме тероризмот, ќе го надминеме овој настан.

Целта на терористите е да предзвикаат обесхрабрување во општеството, поради што никој не треба да наседне на оваа игра, рече Киличдароглу.

Претседателот на опозиционата Партија за национално движење (МХП) Девлет Бахчели  рече дека ниту една сила и никој не ќе може да ја распарча Турција.

Во писмената изјава по кукавичкиот напад, Бахчели рече дека Република Турција е изложена на крвава квалитетна и колективна терористичка опсада. Нападот претставува само еден од ѓаволските планови на надворешните сили за предизвикување граѓанска војна во Турција и потенцираше на значењето на единството и сплотеноста на граѓаните. Затоа не треба да ги израдуваме непријателите.

Борбата на Турција против тероризмот е оправдана и легитимна, рече Бахчели и на загинатите им посака милост од Аллах, а на семејствата и на целиот турски народ им изрази длабоко сочувство.



Слични вести