Во реализирани операции за една недела се неутрализирани 21 терорист на ПКК

За една недела во Чукурџа кај Хаќќари, Лиџе кај Дијарбакир, Ерух кај Сиирт и во Игдир се неутрализирани 21 терорист на ПКК

631915
Во реализирани операции за една недела се неутрализирани 21 терорист на ПКК

Во реализирани операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Чукурџа кај Хаќќари, Лиџе кај Дијарбакир, Ерух кај Сиирт и во Игдир за една недела се неутрализирани 21 терорист.

Во рамките на борбата против тероризмот минатата недела непрестано продолжија операциите на областите за кои што е установено дека постојано се користат од страна на припадниците на терористичката организација како места за засолнување и како маршрута за префрлување преку границата во Турција. 

Во операциите освен тоа што за една недела беа неутрализирани 21 терорист воедно беа запленети и 38 експлозивни направи од рачна изработка, 6 минофрлачи, еден противавионски проектил, 5 пешадиски пушки, приближно 2,7 тони амониум нитрат и голема количина муниција.

Како резултат на преземените мерки на границата во борбата против криумчарењето како најзначаен финансиски извор на терористичката организација ПКК се запленети 184 илјади кутии шверцувани цигари.

Освен тоа во реализирани операции во градовите Хаќќари, Сиирт, Батман, Тунџели и Битлис се уништени и вкупно 35 засолништа и голема количина прехранбени производи и материјали за обезбедување на своите животни потреби на терористите.

За време на контролите на границата се фатени 4.218 лица кои се обидувале по незаконски патишта да се префрлат во Турција.

Од друга страна и во рамките на операцијата Еуфратски штит која што започна на 24 август за исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи се земени под контрола вкупно 1.860 квадратни километри во областа Азез-Џераблус.

Во операцијата на градот Ел Баб која што започна на 9 декември од западниот и од северниот дел е пристигнато до надворешните маала на градот.

Заедно со брзото напредување во северниот дел на Сирија за исчистување на овие области од терористичката организација ДАЕШ, Турција продолжува да ги применува и мерките во правец на стопирање на нападите на терористичката организација ПКК/ПЈД.



Слични вести