Повик од претседателот Ердоган до меѓународната заедница за Алепо на три јазици

Претседателот Ердоган во својата порака објавена на Твитер на три јазици истакна дека прекинот на огнот во градот Алепо во Сирија би можел да биде последна надеж за невините цивили

632189
Повик од претседателот Ердоган до меѓународната заедница за Алепо на три јазици

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип на својата сметка преку социјалната мрежа Твитер објави порака за Алепо напишана на три јазици, турски, англиски и арапски.

Претседателот Ердоган во својата порака истакна дека прекинот на огнот во градот Алепо во Сирија би можел да биде последна надеж за невините цивили.

Ердоган својата порака во врска со процесот на евакуирање во Алепо на три јазици ја испрати преку својата официјална сметка на Твитер „RT_Erdogan“.

„Продолжувањето на постигнатиот прекин на огнот и евакуациите во Алепо со интензивните напори на Турција можеби претставуваат последна надеж за невините цивили во Алепо. Сите страни и меѓународната заедница ги повикувам да се придржуваат кон овој прекин на огнот и кон процесот на евакуирање. Турција не го остави и нема да го остави народот на Алепо сам. По секоја цена дури и за спасување на само еден живот ќе направиме се што е во наша можност.“ - напиша претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата сметка преку социјалната мрежа Твитер за Алепо на три јазици, турски, англиски и арапски.

 



Слични вести