Од источен Алепо тргна и третиот конвој за евакуирање составен од 16 автобуси и 8 минибуси

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша дека од источен Алепо тргна и третиот конвој за евакуирање составен од 16 автобуси и 8 минибуси

631523
Од источен Алепо тргна и третиот конвој за евакуирање составен од 16 автобуси и 8 минибуси

Од источен Алепо кој се наоѓа под опсада на силите на сирискиот режим и шиитските милициски сили под команда на Иран тргна и третиот конвој за евакуирање.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека од источен Алепо тргна и третиот конвој за евакуирање составен од 16 автобуси и 8 минибуси.

Чавушоглу во испратената објава на својата сметка преку социјалната мрежа Твитер напиша: „Нашите напори и активностите за следење на процесот продолжуваат.“

Мевлут Чавушоглу ја достави и информацијата дека 1.198 цивили кои се наоѓаа во вториот конвој кој што тргна од Алепо пристигна западно од градот Алепо, во областа која што се наоѓа под контрола на опозиционерите.

Вториот конвој за евакуирање составен од 16 автобуси, 5 возила на сириската Црвена полумесечина и 11 минибуси кој што тргна од источен Алепо премина преку контролната точка на режимските сили во квартот Рамусе.

Потоа конвојот продолжи да се движи кон квартот Рашидин и пристигна во областа западно од Алепо која се наоѓа под контрола на опозиционерите.

Вториот конвој во кој се наоѓаа 1.198 жители на Алепо од кои 577 мажи, 320 жени и 301 дете замина за градот Идлиб во близина на границата со Турција кој што се наоѓа под контрола на опозиционерите.

Како што се дознава во конвојот се наоѓаат и 12 ранети.

Според добиени најнови информации се вели дека во последните 24 часа од источен Алепо беа безбедно евакуирани 6 илјади лица.

Шиитските милициски сили под команда на иранскиот генерал Сејид Џевад кои се обидоа да го спречат излегувањето на првиот конвој од областа под опсада низа пати реализира напади врз цивилите и областите под контрола на опозициониерите и се обидоа да го саботираат процесот на евакуирање од источен Алепо.

Процесот на прекин на огнот и евакуирањето започна по реализираните интензивни разговори помеѓу Турција и Русија.

Во меѓувреме некои од евакуираните потешко ранети лица кои беа однесени во градот Идлиб оттука беа испратени на лекување во Турција. 

Ранетите кои беа донесени во тампон областа во близина на граничниот премин Џилвеѓозу одовде со амбулантни возила кои што чекаа подготвени беа пренесени на лекување во различни болници во градот Хатај.



Слични вести