Има итна потреба за процесот на политичка транзиција во Сирија

Со Русите се обидовме да одржат средби со претставниците на опозицијата

632085
Има итна потреба за процесот на политичка транзиција во Сирија

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека има итна потреба за процесот на политичка транзиција во Сирија.

Не станува збор за одржување средби со режимот во Сирија. Но ќе биде во корист ако средбите ги одржат претставниците на опозицијата.

Во врска со активностите за евакуација на Алепо, министерот Чавушоглу одржа прес конференција.

Почнувајќи од вчера па се до денес од Алепо во Турција се евакуирани 7500 лица, рече министерот Чавушоглу и потенцираше дека приоритетно беа евакуирани повредените, жените, децата и возрасните.

На прашањето на новинарите дека во врска со прекршувањето на примирјето во Алепо, министерот Чавушоглу одржал телефонски разговори со рускиот и иранскиот колега, додека претседателот Реџеп Тајип Ердоган со рускиот претседател Владимир Путин, Чавушоглу одговори:

Со Русите се обидовме да одржат средби со претставниците на опозицијата. Беше постигната согласност во однос на одредени прашања, а во однос на некои не. Додека продолжуваа средбите, се повеќе се влошуваше состојбата во Алепо. Затоа многу е значајно да се спроведат одредбите на постигнатата согласност и записниците.

Продолжуваат средбите за доставување хуманитарна помош на евакуираните од Алепо, рече министерот Чавушоглу и подвлече дека ако никој не помогне, тогаш како што до денес Република Турција ги отвори своите порти за 3 милиони Сиријци, така ќе им доставиме помош и на браќата од Алепо. Нашите подготовки се готови.

Министерот Чавушоглу подвлече дека е постигнат компромис со опозиционерите во Алепо за да преминат во Идлиб.

Во освртот на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за продолжување на преговорите во врска со Сирија во Казахстан, министерот Чавушоглу рече дека тоа не се посреднички преговори, туку механизам за зголемување на довербата.



Слични вести