„Доколку се сака да се постигне решение во Сирија мора да се стави под контрола состојбата во Алепо“

Претседателот Ердоган на одржаната заедничка прес конференција со словенечкиот претседател Борут Пахор истакна дека доколку се сака да се постигне решение во Сирија првенствено мора да се стави под контрола состојбата во Алепо

631604
„Доколку се сака да се постигне решение во Сирија мора да се стави под контрола состојбата во Алепо“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган вчера во претседателската плата во Бештепе во Анкара се состана со словенечкиот претседател Борут Пахор.

По средбата лице в лице и разговорите помеѓу делегациите на двете земји Ердоган и Пахор одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот каде што одговараа и на прашањата на новинарите.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека во однос на процесот на евакуирање на цивилите од градот Алепо во Сирија оствари телефонски разговори со американскиот претседател Барак Обама, рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел.

Ердоган напомена дека доколку се сака да се постигне решение во Сирија првенствено мора да се стави под контрола состојбата во Алепо.

Претседателот Ердоган подвлече дека во процесот на постигнување прекин на огнот и евакуирањето во Алепо водеше низа телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека заедно со овие остварени разговори процесот беше следен заедно и од страна на министрите за надворешни работи на двете земји.

Ердоган истакна дека во врска со евакуирањето на цивилите и ранетите во Алепо се знае се што претрпеа овие луѓе со недели и со месеци кои сега се донесени во градот Идлиб и додаде дека Турција сака дел од овие лица, а особено децата и старите да бидат сместени во градовите од контејнери или доколку постојат услови за тоа во куќи и на овие лица да им се обезбедат услови за спокоен и мирен живот.

Велејќи дека тоа го смета како прашање на човекови права, Ердоган рече: „Во средина кога некои западни земји велат дека нема да прифатат ниту едно лице, ние сме одлучни не само едно да примиме и илјада лица. Бидејќи јас кога гледам како се извлекуваат деца под тие бетонски рушевини во сериозна мера жалам и ми крвари срцето како татко.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган појасни дека од страна на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) и турската Црвена полумесечина Кизилај се преземени различни мерки за цивилите и ранетите кои доаѓаат и тоа како во градот Идлиб така и во Турција и рече: „Во меѓувреме разговарав со госпоѓа Меркел со која зборувавме за тоа што би можеле да го направиме тоа. И таа рече дека се спремни за секој вид хуманитарна помош. Се надевам дека таа помош ќе пристигне.“

Претседателот Ердоган напомена дека разговарал и со американскиот претседател Барак Обама со кого исто така зборувале за случувањата во Сирија и Ирак. 

Ердоган истакна дека му појаснил на Обама колку е значајна одговорноста по прашањето на тоа доколку дојде до одредена непожелна состојба и во Ирак, а поготово во Телафер и во Синџар.

Како што се дознава американскиот претседател Барак Обама во телефонскиот разговор со претседателот Ердоган исто така истакнал дека ги цени напорите на Турција по прашањето на евакуирањето на цивилите во Алепо и го нагласил значењето од заедничката работа во соработка помеѓу Турција и САД.



Слични вести