Министерот за ЕУ Омер Челик: Масакрите во Алепо претставуваат срам за светот

Министерот за ЕУ Омер Челик изјави во Германија дека светот треба да се крене на нозе за Алепо и да се соочи со овој срам

631255
Министерот за ЕУ Омер Челик: Масакрите во Алепо претставуваат срам за светот

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик во Германија каде што допатува на средби и разговори одржа конференција за претставниците на печатот и притоа истакна дека Турција една недела како вложува напори за отворање коридор, но додаде дека оваа нејзина иницијатива се саботира.

Велејќи „Сега е реализиран напад на коридорот“, Челик напомена дека овие масакри претставуваат срам за светот.

Омер Челик рече: „Додека ние еден ден удомуваме 100 илјади лица Европа се пазарува за 100-200 лица, се обидува прашањето да го постави на референдум.“

Истакнувајќи дека по Втората светска војна беше постигнат напредок во сферата на човековите права, но дека овој напредок не е претворен во придобивка за Алепо, министерот за ЕУ ОМер Челик рече: „Светот треба да се крене на нозе за Алепо и да се соочи со овој срам.“



Слични вести