Ердоган: Од Алепо се евакуирани и однесени во градот Идлиб 1.150 цивили и ранети

Претседателот Ердоган истакна дека од Алепо се евакуирани и однесени во градот Идлиб 1.150 цивили и ранети

631472
Ердоган: Од Алепо се евакуирани и однесени во градот Идлиб 1.150 цивили и ранети

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган се состана со словенечкиот претседател Борут Пахор во претседателската палата во Бештепе во Анкара.

Двајцата лидери по средбата лице в лице одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Претседателот Ердоган истакна дека доколку се сака да се постигне решение во Сирија првенствено треба да се земе под контрола состојбата во Алепо.

Ердоган напомена дека од Алепо се евакуирани и однесени во градот Идлиб 1.150 цивили и ранети.

Велејќи „Порастот на расизмот и непријателството кон странците во Европа претставува извор на сериозна загриженост и за нас“, претседателот Ердоган рече: „Бевме искрени во процесот за членство во ЕУ, ги одржавме нашите ветувања, ЕУ не ги одржа своите дадени ватувања во врска со бегалската криза“.

„Остварив низа разговори со Путин. Разговарав и со германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Барак Обама. Со Обама разговаравме и по прашањето на Ирак. Му ги доставив нашите грижи во врска со Синџар. Повикот за национална мобилизација го доставив за национална солидарност.“ - рече претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести