Безбедносен самит во претседателската палата во Анкара

Безбедносниот самит во претседателската палата во Бештепе во Анкара под претседателство на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган траеше приближно 2 часа и 15 минути

631470
Безбедносен самит во претседателската палата во Анкара

Во претседателската палата во Бештепе во Анкара се одржа безбедносен самит под претседателство на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

На самитот кој траше приближно 2 часа и 15 минути освен претседателот Ердоган учествуваа и премиерот Бинали Јилдирим, началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и надлежни високи функционери.

На безбедносниот самит беше направена проценка на новите мерки кои што ќе бидат преземени и новите чекори кои што се планира да бидат фрлени по последниот терористички напад во саботата во Бешикташ во Истанбул во кој животот го загубија 44 лица.

Освен тоа на самитот на маса беа поставени и актуелните алучувања во врска со последната состојба во Сирија и Ирак, а особено во Алепо.



Слични вести