„Во 12 земји се затворени или преземени 79 установи и организации поврзани со ФЕТО“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека во 12 земји во светот се затворени или преземени 79 установи и организации поврзани со Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ

630645
„Во 12 земји се затворени или преземени 79 установи и организации поврзани со ФЕТО“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на церемонијата на затворање на Меѓународната работилница за раководители за образование во организација на Одделот за странсто при министерството за образование истакна дека министерството за надворешни работи е во блиска соработка со министерството за образование и Фондацијата за образование (Маариф Вакфи) во борбата против Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ.

Чавушоглу напомена дека во 12 земји во светот се затворени или преземени 79 установи и организации поврзани со Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ.

Велејќи дека им се раскажува на соговорниците каква организација е ФЕТО и што направи во Турција со што почнаа да даваат и резултат овие напори, Мевлут Чавушоглу рече: „Мошне значајни ирганизации почнаа да ја прогласуваат ФЕТО за терористичка организација. Најпрвин на состанокот на министрите за надворешни работи на Советот за заливска соработка во Ријад овозможивме ФЕТО да биде внесена во списокот на терористички организации со кои ќе се води борба. Веднаш потоа на состанокот на министрите за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка во Ташкент обезбедивме ФЕТО да биде внесена во списокот на терористички организации. Како последно ФЕТО беше прогласена за терористичка организација и на состанокот на Азиската парламентарна асамблеја.“



Слични вести