Советот за општи прашања на ЕУ одлучи да продолжат претпристапните преговори со Турција

Со одобрение на 27 земји членки на ЕУ текстот кој што предвидува продолжување на претпристапните преговори во точката до која што е дојдено беше усвоен како соопштение на привременото претседателство на Унијата

629981
Советот за општи прашања на ЕУ одлучи да продолжат претпристапните преговори со Турција

Советот за општи прашања на ЕУ во главниот град на Белгија Брисел разговараше за иднината на преговорите со Турција за членство.

Со одобрение на 27 земји членки на ЕУ текстот кој што предвидува продолжување на претпристапните преговори во точката до која што е дојдено беше усвоен како соопштение на привременото претседателство на Унијата.

Во усвоениот текст се нагласува дека се забележани позитивните подготовки кои што ги реализира Турција по прашањето на отворањето на нови поглавја од преговорите.

Во текстот се истакнува дека Турција воспоставува компатибилност на солидно ниво со легислативата на ЕУ во различни сфери, а особено во економијата, а исто така се повторува дека ЕУ го осудува обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули во Турција и ги поддржува демократските институции на Турција.

Советот за општи прашања на ЕУ исто така го нагласи и тоа дека Турција е значаен сојузник на меѓународната коалиција во борбата против терористичката организација ДАЕШ.

Функционери на советот истакнаа дека ги осудуваат сите терористички напади и насилства во Турција и дека се во солидарност со турскиот народ. 

Во усвоениот текст се нагласува дека операциите кои што се реализираат против ПКК која од страна на ЕУ се прифаќа како терористичка организација се легитимни.

Од друга страна унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто истакна дека безбедноста на ЕУ е поврзана со стабилноста на Турција  и напомена дека затоа треба да се воздржува од преземање на нерационални чекори.

Нагласувајќи дека ЕУ треба да постапува одмерено во односите со Турција, Сијарто привлече внимание на постигнатиот Договор за реадмисија во март меѓу Турција и ЕУ и подвлече дека секој настан со кој што ќе биде потресена стабилноста на Турција ќе биде лошо и за континентот.

Унгарскиот министер за надворешни работи потсети дека Турција како членка на НАТО е во сериозна соработка со Европа по прашањето на борбата против тероризмот и рече: „Значајно е Унијата да ја продолжи својата комуникација со Турција. Треба да се покажува почит кон Турицја и турскиот народ. Треба да се избегнува од донесување на забрзани одлуки кои што носат безбедносен ризик за Европа.“



Слични вести