Претседателот Ердоган прогласи национална мобилизација во борбата против тероризмот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека прогласува национална мобилизација во борбата против сите терористички организации, ПКК, ДАЕШ, ФЕТО, ДХКП-Џ

630340
Претседателот Ердоган прогласи национална мобилизација во борбата против тероризмот

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата во Бештепе во Анкара говореше на 32-от состанок со претседателите на месни заедници и притоа истакна дека бројот на убиени, ранети и фатени припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во реализираните операции како внатре во границите на земјата така и надвор преку границите изнесува 9.500 лица.

Велејќи дека меѓу овие лица се наоѓаат и голем број водачи на крвавата терористичка организација, Ердоган напомена дека исто така и во реализираните над 40 илјади операции против оваа сепаратистичко-терористичка организација се апсени повеќе од 10.500 лица.

„Особено сакам да се знае дека не ја оставивме и нема да ја оставиме на земјата крвта на ниту еден наш шехид“, - рече претседателот Ердоган и напомена дека денеска над Турција и во регионот се одигруваат мошне подли и крвави игри.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Како претседател на Република Турција прогласувам национална мобилизација против сите терористички организации, ПКК, ДАЕШ, ФЕТО, ДХКП-Џ.“

Обраќајќи им се на безбедносните сили претседателот Ердоган рече: „Во активностите против терористичките организации со вас и зад вас стојат и вашата држава и вашиот народ. Никако не воздржувајте се од искористување на вашите надлежности до крај.Отсега ниту за момент им нема мир и спокојство и на терористот на планина, и на терористот во град и на нивните поддржувачи.

Ердоган подвлече дека никако нема да им се дозволи на оние кои сакаат и Турција да ја претворат во рушевини онака како што направија во Либија, Сирија и Ирак.

„Ако не им ја згмечиме главата на оние кои посегнуваат по единството, заедништвото и братството на нашиот народ не можеме да го воспоставиме нашиот опстанок. Ако не им го дадеме потребниот одговор на оние кои се обидуваат да го симнат нашето знаме ќе бидеме засрамени пред нашите шехиди. Наша чест и наш долг е да одговориме најостро против оној кој што гаи претензии дури и кон само една педа од нашите татковински територии.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести