Министерот за одбрана Фикри Ишик престојува во посета на Франција

Министерот за одбрана Фикри Ишик учествуваше на состанокот на Асоцијацијата на турските здруженија на западна Франција кој што се одржа во областа Корбеил-Есоне, предградие на Париз

630080
Министерот за одбрана Фикри Ишик престојува во посета на Франција

Министерот за одбрана Фикри Ишик кој престојува во посета на францускиот главен град Париз учествуваше на состанокот на Асоцијацијата на турските здруженија на западна Франција кој што се одржа во областа Корбеил-Есоне.

Министерот Фикри Ишик во говорот што го одржа на состанокот истакна дека на остварената средба со францускиот министер за одбрана Жан-Ив ле Дриан направиле проценка на развојот на случувањата во опколувањето на Турција и за настаните во Турција.

Ишик рече дека кукавичките терористички организации кои со посредство и на своите соучесници сакаат да ја скршат силата на Турција не ќе можат да ги постигнат овие свои намери.

Осврнувајќи се и на случувањата во регионот, министерот за одбрана Фикри Ишик рече: „Нашиот регион поминува низ мошне тежок процес. По Договорот Сајкс-Пико од 1916 година регионот ја доживува најголемата турбуленција. Не е можно оваа трубуленција да не влијае и на нашата земја. Особено по процесот кој што започна по бомбардирањето од страна на режимот во Сирија на сопствениот народ Турција се соочи со мошне сериозни закани. Ние како Турција се обидуваме да го направиме она што е најдобро за справување со овие закани.“

Министерот Фикри Ишик нагласи дека Турција се спаси од внатрешните и надворешните закани со кои што се соочува од 2013 година досега.

Ишик напомена дека тогаш кога Турција одлучи да ги стави во примена мегапроектите како што се проектот за изградба на најголемиот аеродром во светот, проектот Канал Истанбул и нуклеарните централни, беа доживеани настаните познати како паркот Гези, но напомена дека Турција успеа да ги надмине овие настани.

Потоа токму во период кога се почна да се подобрува состојбата, рече Ишик овојпат владата се соочи со обидот за преврат на 17 и 25 декември 2013 година и додаде дека оние кои го подготвија ова сценарио сега полагаат сметка пред правдата.

Министерот за одбрана Фикри Ишик во својот говор се осврна и на обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули во врска со кој рече дека Турција најголемиот обид за предавство го доживеа на 15 јули и ја изнесе следната проценка: „Под секакви услови и во сиве овие состојби со помош на Аллах и со поддршката на нашиот народ ги елиминиравме сиве овие неволји.“



Слични вести