Турците во Данска протестираа против терористичкиот напад во Истанбул

Голем број Турци кои се организираа преку социјалните медиуми и се собраа пред амбасадата на Турција во Копенхаген во чест на загинатите во терористичкиот напад во Истанбул оставија цвеќиња пред амбасадата

629462
Турците во Данска протестираа против терористичкиот напад во Истанбул

Турците кои живеат во Данска протестираа против кукавичкиот терористички напад во сабота вечер Истанбул во кој животот го загубија 44 лица од кои 37 полицајци и 7 цивили, а 155 лица беа повредени.

Учесниците на протестот покажаа реакција против политичарите кои ја поддржуваат сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Голем број Турци кои се организираа преку социјалните медиуми и се собраа пред амбасадата на Турција во Копенхаген во чест на загинатите во терористичкиот напад во Истанбул оставија цвеќиња пред амбасадата.

Амбасадорот на Турција во Данска Мехмет Донмез им се обрати на насобраните граѓани кои со турски знамиња во своите раце без да извикуваат слогани протестираа против терористичкиот напад и им се заблагодари за покажаната чувствителност.

Нагласувајќи дека данските медиуми останаа безчувствителни пред терористичкиот напад во Истанбул, амбасадорот Донмез рече: „Со одлука на данските судови е утврдено дека ПКК е терористичка организација. За тоа одлулија вашите судови, донесоа пресуди и затоа видете го вистинското лице на оваа терористичка организација.“ 

Сехра Метин која беше меѓу учесниците на протестот истакна дека Турција не може да ја добие потребната поддршка во странство по прашањето на борбата против тероризмот и рече: „Јас мислам дека Данска е едната од земјите кои најмногу ги поддржуваат терористичките организации во Турција.“  

Мерјем Арик Ѓоде истакна дека во знак на изразување на својата почит за загинатите дошла од градот Слагелсе кој што се наоѓа на 100 километри од Копенхаген.

И покрај студеното време големиот број насобрани граѓани со часови чекаа пред амбасадата на Турција во Копенхаген, а потоа читаа молитви (дови) за загинатите, ја испеаја националната химна и потоа се разотидоа.



Слични вести