Туркиш ерлајнс одложи 20 внатрешни и надворешни летови

Патниците, пред да тргнат на патување, претходно да се стекнат со потребните информации за летовите преку веб страницата „www.turkishairlines.com“ или преку телефонот на контакт центарот „444 0 849“.

629447
Туркиш ерлајнс одложи 20 внатрешни и надворешни летови

Турската воздушна компанија „Туркиш ерлајнс“ поради лошите временски услови одложи 20 внатрешни и надворешни летови од аеродромот Ататурк во Истанбул.

Според соопштението кое беше обајвено од страна на прес центарот на Туркиш ерлајнс, досега се одложени 16 внатрешни и 4 надворешни летови.

Во соопштението беше истакнато дека патниците, пред да тргнат на патување, претходно да се стекнат со потребните информации за летовите преку веб страницата „www.turkishairlines.com“ или преку телефонот на контакт центарот „444 0 849“.

Главната дирекција на Претпријатието за менаџмент на државните аеродроми презеде низа превентивни мерки наспроти евентуалното влошување на временските услови.

Како последица на обилни врнежи снег кои се очекуваат, денес (13 декември) почнувајќи од 15.часот до утре (14 декември) изутрина до 06.00 часот за 5 насто ќе се намалат летовите на авионите кои се предвидува да полетаат од аеродромот Ататурк.

На патниците им се препорачува активно да ги следат инструкциите преку веб страниците на компаниите од кои ги купиле картите.



Слични вести