Трагичните и кратки недовршени животни приказни на некои жртви

Некои од 44 жртви беа студенти, некои верени, некои штотуку стапиле во брак, некои кои чекаа да бидат родители

629788
Трагичните и кратки недовршени животни приказни на некои жртви

Турција во жалост за 44 жртви во терористичкиот напад во Истанбул

Турција во жалост за 44 жртви на двата терористички напади во саботата навечер во Истанбул. 37 од жртвите беа полицајци, 7 цивили.

Некои од 44 жртви беа студенти, некои верени, некои штотуку стапиле во брак, некои кои чекаа да бидат родители.

По смртта на 44-те жртви во нападите, останаа недовршени животни приказни, сирачиња, брачни другари и семејства.

Еве некои трагични и кратки од нив.

 

НАЗИФ ЕМРЕ ХОРОЗ

Полицаецот херој од Коња загина на 24 годишна возраст. Хороз беше две години во брак и зад себе остави 6 месечни близначиња Ерва и Елиф.

 

ХУСЕЈИН ДАЛГИЛИЧ

33 годишниот полицаец од Измир беше шестгодишен сообраќаен полицаец. Имаше една и пол годишна ќерка и жена му Чигдем Далгилич која исто така беше полицаец беше бремена. Далгилич во јануари по вторпат ќе станеше татко.

 

ИЛКЕР УЈЛАШ

Илкер Ујлаш по потекло од Хатај имаше 27 години. Ујлаш само пред 5 месеци стапи во брак.

 

АДЕМ СЕРИН

Тажната вест за смртта на 24 годишниот полицаец херој Адем Серин предизвика голема жалост кај семејството во Газиантеп. По еден месец планираше да замине во родното место и да се вери.

 

ЈАСИН ИКЕ

Полицаецот од Кајсери кој загина во кукавичкиот терористички напад имаше 31 година. Мајка му Јетер Ике која имаше 49 години, не можеше да издржи на погребувањето на синот и преживеа инфаркт.

 

ОГУЗХАН ДУЈАР

21 годишниот полицаец Огузхан Дујар пред седум месеци стана полицаец. Мајка му Нуран Дујар рече дека роденденот на синот беше на 28 декември. Планираше да дојде во посета за роденденот, но за жал посмртните остатоци ги подигнав од мртовечница. Никогаш да не им се прости на кукавиците.

 

МУСТАФА БЕРКАЈ АКБАШ

Смртта 19 годишниот Беркај Акбаш го зафати на прагот на животот. Студираше медицина на универзитетот Башкент. Младиот Акбаш откако му завршија колоквиумите, заедно со другарите од Анкара престојуваа во посета на Истанбул каде што се шетаа. Градот во кој допатува само на два дена стана негово последно патување кон вечноста.

 

ИСМАИЛ КОЧ

Исмаил Коч дипломираше на насоката за графички дизајн на Факултетот за ликовни уметности на универзитетот Мимар Синан. Долги години се бавеше со рекламирање и уметнички директор. Зад себе остави три месечна бремена жена.



Слични вести