Продолжува бранот протести против терористичкиот напад во Истанбул и тероризмот

Ширум Турција продолжуваат да се одржуваат масовни протести против кукавичкиот терористички напад во Истанбул и против тероризмот на кои учествуваат голем број граѓани на секоја годишна возраст, млади и стари, жени и мажи

629479
Продолжува бранот протести против терористичкиот напад во Истанбул и тероризмот
istanbul saldırı yürüyüş2.jpg
istanbul saldırı yürüyüş1.jpg

Продолжуваат реакциите против кукавичкиот терористички напад во сабота вечер во Истанбул во кој животот го загубија 44 лица д кои 37 полицајци и 7 цивили, а 155 лица беа повредени.

Насекаде низ Турција и во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) се одржуваат протести на кои се проколнува тероризмот.

Граѓаните во Истанбул продолжуваат да го посетуваат местото на нападот, протестираат против тероризмот и упатуваат пораки за единство.

Навивачите на спортските клубови маршираа кон стадионот Водафон Арена во населбата Бешикташ во Истанбул во чија близина беше реализиран кукавичкиот напад.

Илјадници навивачи кои протестираа против бомбашките терористички напади положија каранфили на местото на експлозијата.

Таксистите и возачите на минибуси исто рака протестираа против кукавичкиот терористички напад во Бешикташ. 

Голем број таксисти кои со своите такси возила со турски знамиња дојдоа на „Ридот на шехидите“ на местото на нападот, најпрвин ја испеаја националната химна, а потоа читаа Куран и се молеа за загинатите.

Безброј граѓани на секоја годишна возраст и во голем број градови во Мардин, Бинѓол, Батман, Мугла, Анталја, Кириккале, Анкара, Ѓумушханем Кастамону, Чанаккале, Османије и во голем број други места ширум Турција ги исполнија плоштадите и улиците со турски знамиња во своите раце и го проколнаа тероризмот.

Терористичкиот напад во сабота вечер во Истанбул беше протестиран и во Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Членовите на Иницијативата за Турската Република Северен Кипар (ТРСК) пред споменикот на шехидите (паднатите борци) во Лефкоша одржаа церемонија во чест на сеќавање на жртвите во терористичкиот напад.



Слични вести