Пораките со поддршка од светот се поволни, но не се доволни

Турција е земја соговорник во меѓународната политика против тероризмот

629412
Пораките со поддршка од светот се поволни, но не се доволни

Потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш во врска со пораките со поддршка кои пристигнаа по терористичкиот напад во сабота навечер во Истанбул дека се поволни, но дека не се доволни.

Портпаролот Куртулмуш одржа прес конференција додека траеше состанокот на владата предводен од премиерот Бинали Јилдирим што се одржуваше во дворецот Чанкаја.

Куртулмуш одговараше на прашањата на новинарите и рече дека се преиспитуваат активностите по терористичките напади во Истанбул и ги разгледуваат активностите во врска со натамошната борба против тероризмот.

Последниот терористички напад уште еднаш покажа дека Турција е земја соговорник во меѓународната политика против тероризмот и како што може да се разбере од досегашните испитувања, нападот беше извршен од страна на приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Турција и во минатото беше изложена на слични терористички напади од страна на ПКК, ДЕАШ и други терористички организации, рече Куртулмуш и потенцираше:

Бомбата која беше активирана во сабота навечер беше активирана од страна на приврзаниците на една терористичка организација, но ако на настанот погледнеме како на целина, очигледно е дека истиот претставува дел од прокси војните што се водат во светот.

Турција ќе бара сметка за овој терористичкиот напад, рече Куртулмуш и додаде:

Целта на терористичките организации е да влеат страв, паника и обесхрабрување. Особено Турција се додека продолжи да изнесува единствен национален став  против тероризмот и терористичките организации, на сите треба да им биде познато дека нема да се откажеме од напорите за обесхрабрување и политиките на влевање страв.



Слични вести