Порака од претседателот Ердоган до полициските сили: Државата стои зад вас

Претседателот Ердоган вчера беше во посета на Дирекцијата на одделот на силите за брза интервенција (Чевик Куввет) во Истанбул каде што до полициските сили ја даде пораката „државата стои зад вас“

629335
Порака од претседателот Ердоган до полициските сили: Државата стои зад вас

По кукавичкиот терористичкиот напад во сабота вечер во Истанбул која ја потресе и облеа во тага цела Турција претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган до полициските сили ја даде пораката „државата стои зад вас“.

Претседателот Ердоган вчера беше во посета на Дирекцијата на одделот на силите за брза интервенција (Чевик Куввет) во Истанбул каде што повторно го изрази своето сочувство за терористичкиот напад и рече: „Ако имате милост кон суровиот, ќе го изневерите угнетениот.“

Ердоган терористичките напади ги окарактеризира како акции на западните империјалистички сили насочени кон распарчување на Турција.

Обраќајќи им се на безбедносните сили со зборовите „Апсолутно не воздржувајте се од користење на правата кои што ви се дадени во борбата против тероризмот“, претседателот Ердоган рече: „Искористете го ова ваше право. Ако имате милост кон суровиот, ќе го изневерите угнетениот. Апсолутно немајте милост кон суровиот, направете го неопходното.“

Ердоган својот говор го продолжи со зброовите „Нека го слушнат ова и оние кои во моментов не следат преку екраните. Нека го слушне ова народот. Зад вас стоиме ние како држава и како влада. Апсолутно не воздржувајте се од користење на правата кои што ви се дадени во борбата против тероризмот.“

Во посета на Дирекцијата на одделот на силите за брза интервенција (Чевик Куввет) во Истанбул за повторно изразување на своето сочувство беше и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој во говорот што го одржа овде истакна: „Нема да остане на земјата крвта на овие наши другари. Никој да нема сомневање од тоа дека безмилосно ќе се побара сметка за тоа без оглед на тоа од чија страна и чиј поддржувач е извршен овој напад, како внатре така и надвор.“

Во двојниот терористички напад реализиран од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во сабота вечер во Истанбул чија цел беа полициските екипи за брза интервенција (Чевик Куввет) животот го загубија 44 лица од кои 37 полицајци и 7 цивили, а 155 лица беа повредени.



Слични вести