Идниот претседавач со ЕУ Малта: Не е тешко да се разговора по прашањето на визната либерализација

Министерот за надворешни работи на Малта Џорџ Вела чија земја на крајот на овој месец ќе го преземе претседателствувањето со ЕУ изјави дека 28-члената ЕУ треба да вложува поголеми напори по прашањето на визната либерализација за турските граѓани

629697
Идниот претседавач со ЕУ Малта: Не е тешко да се разговора по прашањето на визната либерализација

Министерот за надворешни работи на Малта Џорџ Вела истакна дека 28-члената ЕУ треба да вложува поголеми напори по прашањето на визната либерализација за турските граѓани.

Малта која на крајот на овој месец ќе го преземе претседателствувањето со ЕУ и подаде дипломатска рака на Турција и рече: „Ако се очекува поголема соработка од Анкара треба да бидат испратени некои позитивни сигнали од страна на ЕУ.“

Министерот за надворешни работи на Малта Џорџ Вела во интервју за новинска агенција Асошиетед прес (АП) ја нагласи и потребата да се држат отворени дипломатските канали и рече: „Турците велат дека го исполнија она што им претстои ним во договорот за реадмисија што е пак точно и знаеме дека е сопрена миграцијата во Егејското Море. Меѓутоа што дадовме за возврат на тоа? Значајно е тоа. Освен тоа мислам дека не е тешко да се разговора по прашањето на визната либерализација.“



Слични вести